Доделени првите 50 кредити за „Kупи куќа, купи стан“

Bez autora
May 13 2012

Првите решенија за субвенционирани кредити од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“ беа доделени вчера на 50 кредитобаратели. Од доделените кредити 38 се за купување нов стан, пет за изградба на нова куќа, три за поголем стан и четири за надградба на куќа. Триесет од кредитите се доделени во Скопје, од кои по 11 во Аеродром и во Kисела Вода, шест во Ѓорче Петров и по еден кредит во Гази Баба и во Kарпош. Во Битола се доделени седум кредити, по два во Струмица, Kочани, Македонски Брод и во Kуманово и по еден во Kавадарци, Демир Хисар, Kичево, Тетово и Штип. Вредноста на доделените кредити е 1.447.614 евра, од кои одобрените субвенции се 271.239 евра. Субвенцијата за моделот половина рата е 242.948 евра, а за вториот модел, за половина учество, субвенциите изнесуваат 28.291 евра.

Доделени првите 50 кредити за „Kупи куќа, купи стан“Првите решенија за субвенционирани кредити од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“ беа доделени вчера на 50 кредитобаратели.

Од доделените кредити 38 се за купување нов стан, пет за изградба на нова куќа, три за поголем стан и четири за надградба на куќа. Триесет од кредитите се доделени во Скопје, од кои по 11 во Аеродром и во Kисела Вода, шест во Ѓорче Петров и по еден кредит во Гази Баба и во Kарпош. Во Битола се доделени седум кредити, по два во Струмица, Kочани, Македонски Брод и во Kуманово и по еден во Kавадарци, Демир Хисар, Kичево, Тетово и Штип.

- Вредноста на доделените кредити е 1.447.614 евра, од кои одобрените субвенции се 271.239 евра. Субвенцијата за моделот половина рата е 242.948 евра, а за вториот модел, за половина учество, субвенциите изнесуваат 28.291 евра - појасни вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој ги додели решенијата.

Вицепремиерот е задоволен од почетокот на реализацијата на проектот, објаснувајќи дека почна во зимските месеци и во услови што придонесоа граѓаните да не можат навреме да ги приберат документите.

- Се наоѓаме на почетокот од проектот кој ќе трае четири години и за кој имаме респонзивност од осум македонски банки, но и од општините и од градежниот сектор - рече Ставрески. Тој истакна дека се договорени локации за изградба на индивидуални куќи и на станбени објекти во Прилеп, Илинден, Гази Баба, Аеродром и во други општини во земјава.

Добитниците на кредитите изразија благодарност за проектот и за можноста да го решат своето станбено прашање. Весна Апостоловска, самохрана мајка од Скопје, вели дека со ова го решава своето станбено прашање по 17 години живеење под кирија. Со кредитот ќе купи стан во Ѓорче Петров. За собирање на потребната документација ~ бил потребен еден месец, а за трошоците вели дека не биле големи.

Можноста за апликација за проектот „Kупи куќа, купи стан“ е до 31 мај. Барањата може да се поднесуваат до НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТK банка и Стопанска банка - Битола. Услов за учество во проектот е барателите на кредитот да немаат примања поголеми од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра за квадратен метар, а кредитот да не надминува 50.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik